Поголемиот број од луѓето имаат некои мали навики или начини на однеување за кои мислат дека се нормални, но научниците велат дека овие шест навики се симптоми за ментални болести.
Доколку не можете да мокрите кога пред тоалетот слушате некои гласови или некој е со вас внатре во тоалетот секако дека не сте единствени, но веројатно не знаете дека оваа состојба во медицината има свое име - пареза. Претставува практичен страв од мокрење и “парализа“ на бешиката во присуство на други луѓе.
Оникофагија е едно од најчестите ментални пореметувања кое се манифестира со неконтролирано грицкање на ноктите. Околу 45 отсто на возраст од 10 до 18 години патат од оникофагија, а претежно станува збор за женски личности. Овој проблем во поголем дел од случаевите не поминува со адолесценцијата. Доказ за тоа се Бритни Спирс, Џеки Кенеди, Ева Мендез...
Замислете ситуација: шефот на работа ве критикува поради сериозни грешки, а вие се чувствувате дека секој момент ќе прснете од смеа. Се смирувате себеси, се обидувате да ја сокриете насмевката, но на крајот сепак се појавува насмевка на вашето лице. Потоа започнува хистерично смеење кое не можете да го контролирате. Станува збор за синдромот на силен излив на емоции, познат како псеудобулбарско влијание.
Во ваквите ситуации личностите кои се изложени на стрес реагираат целосно спротивно од логичното, како на пример со смеење во некои сериозни или пак тажни ситуации.
Сигурно често сте слушнале од пријателите дека нивниот партнер не е доволно искрен и дека никогаш не зборува за неговите искуства или пак целосно е недостапен и изгледа како да не му е гајле како се чуватвувате вие. Во две третини од овие ситуации станува збор за феномен познат како алекситимија.
Станува збор за неспособност на човекот да ги препознае изразите на своите емоции. Секој од нас има одреден степен на алекситимија, но во некои ситуации овој феномен може да го уништи животот на некој човек.
На секој од нас некој одреден звук го иритира. Дали е тоа нормално или не зависи од видот на звукот и големината на влијанието на истиот по вашиот живот.
Менталното пореметување мизофонија е ситуација кај која нормалните звукови предизвикуваат иритантност. На пример, звукот на храната кога некој јаде, кашла... За луѓето кои патат од мизофонија доволен е само еден таков звук да ги извади од такт.
Луѓето кои патат од ова пореметување секогаш се непријателски настроени кон некои други луѓе или кон нешто и постојано го докажуваат својот авторитет на многу непријатен начин. Тие изгледаат како тврдоглави суштества кои постојано се насочени кон расправии, но медицината вели дека ваквото однесување доаѓа од искуството со многу непријатни авторитети.