Пет трикови со кои ќе ја намалите потрошувачката на вашиот автомобил

Супермен

22/08/2019

13:10

4.676

Големина на фонт

а а а

Со оглед на фактот што горивото станува сè поскапо, а без автомобил во денешно време речиси и не се може, возењето сè повеќе нè чини. Потрошувачката на автомобилот не зависи само од видот на возилото и моторот, туку и од стилот на возење.

За таа цел, во продолжение ви претставуваме неколку трикови како да ја намалите потрошувачката на вашиот автомобил. 

Пониски вртежи

Трудете се да го возите вашиот автомобил во повисока брзина, бидејќи пониските ја зголемуваат потрошувачката. Затоа, кога можете удобно да се движите во трета брзина, не спуштајте непотребно во втора.

Ограничување на брзината

Денес сите брзаме што побрзо да ги завршиме обврските и да заштедиме време, но тоа влијае на нашиот паричник. Колку побрзо возите, толку повеќе гориво трошите. Доколку ги почитувате ограничувањата на брзината, не само што ќе ја намалите можноста од несреќни ситуации и ќе избегнете потенцијални казни, туку можете да ја намалите потрошувачката на вашиот автомобил до 33%.


Забрзување

Немојте беспотребно да кочите и забрзувате. Секогаш кога го правите тоа, вашиот автомобил троши повеќе гориво. Што повеќе забрзувате, толку поголем притисок ставате на моторот кој согорува повеќе гориво.

Гуми

На нашите простори луѓето ја потценуваат важноста на гумите. Гумите се еден од клучните делови на автомобилот – тие не само што можат да ви го спасат животот доколку се квалитетни, туку можат да ја намалат потрошувачката. Важно е тие да бидат оптимално напумпани, со што ќе заштедите неколку проценти гориво.


Филтри за воздух

Валканите филтри влијаат врз перформансите на моторот и ја зголемуваат потрошувачката. Тие апсорбираат нечистотија, прашина, честички на земја и издувни гасови. Затоа, чистете ги и менувајте ги одвреме-навреме.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk