Новиот „Хот-хеч“ на Honda го предизвикува познатиот класик кој е „виновник“ за огромниот број на фанови на јапонскиот производител.
Мет Вотсон од “Carwow” ни претставува голем број на интересни трки на неговиот YouTube канал. Овој пат тој реши да ги тестира двата примероци на Honda.
Актуелниот Civic Type R и до неодамна рекордерот на легендарниот „Ринг“ пристигнува со 320 коњски сили, додека познатиот NSX развива 280 коњски сили. Новата технологија против историјата, на чија страна сте вие?
Кој е поопасен „самурај“, погледнете на видеото подолу.