Шокантните фотографии на Кејти Прајс се појавиле во јавноста, а на нив можеме да видиме како изгледа таа по последните операции.
Поранешниот гламурозен модел сега има 41 година, но Кејти изгледа дека е во агонија од болки.
Фотографирана е по операциите во Турција. На овие фотографии можеме да ги видиме лузните по лифтингот на лицето бидејќи првпат се појавила во јавноста откако завоите ѝ биле извадени.
Кејти имала потешкотии дури и кога разговарала по телефон. Се огледала на екранот од својот телефон и преку камерата ги набљудувала своите лузни. Таа има конци од слепоочниците до под ушите. Била “нормално“ облечена, во сив џемпер и црни хеланки.
покрај затегнувањето на лицето, Кејти имала операција и на капаците од очите за да го спречи нивното понатамошно паѓање. Во исто време направила операција и за подигнување на задникот.
Пријателите на Кејти истакнале дека таа е на граница да почне да претерува со операциите и дека станала опседната со перфекцијата.
Кејти одбива да престане да прави операции:
„Сакам да ги гледам резултатите по операциите и секогаш ќе имам да променам нешто друго на себе. Зарем тоа не го сака секој? Јас тоа го сакам“ - изјавила таа.