Никој и никогаш повеќе како тој! - Роналдо го најави крајот на неговата кариера следната година!?

Точка

21/08/2019

14:15

2.132

Големина на фонт

а а а

Португалецот Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на денешницата изјавил дека би можело да ја заврши својата кариера следната година затоа што досега освоил сè.

„Не мислам за крајот на мојата кариера. Можеби ќе ја завршам и следната година, но можеби и ќе играм до 40-та година. Тоа навистина не го знам зошто секогаш уживам во моментот“ - изјавил Роналдо.

Роналдо освоил пет Злани топки, рекордер е за пет освоени титули во Лигата на шампиони (четири со Реал Мадрид и една со Манчестер Јунајтед), трипати бил шампион на Премиер лигата, двапати Првак ан Шпанија, а тој истакнува дека сето тоа го мотивира и понатаму да поставува нови рекорди во фудбалскиот свет.


„Постои ли фудбалер со повеќе рекорди од мене? Мислам дека ниту еден играч нема толку многу рекорди како мене“ - заклучил Роналдо.

Португалскиот репрезентативец нагласил дека повеќе нема ниту едно достигнување во фудбалот за кое што сонува да го оствари.

Роналдо во својата кариера играл за Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, а моментално е фудбалер на Јувентус. И тоа што е сигурно - никогаш нема да има никој како што е тој!



Спонзорирани линкови

Маркетинг