Погледнете како изгледа животот на супер богатиот принц од Брунеј

Супермен

21/08/2019

14:24

8.806

Големина на фонт

а а а

Постојат многу работи кои не ги знаеме за азиската земја Брунеј, сместена на островот Борнео.

Сепак, од друга страна, знаеме дека султанот од Брунеј е неверојатно богат човек кој обожува злато, сè она што е најскапо и најексклузивно, како и дека поседува една од најневеројатните колекции на скапоцени автомобили. Неговиот син, принцот од Брунеј, исто така го покажува сето богатство пред јавноста без многу срам и скромност. 

На свои 26 години, принцот Абдул Матин ужива да споделува фотографии од својот луксузен живот и авантурите со своите следбеници на Инстаграм, каде е познат едноставно како – Матин.

Тој е еден од петте синови и седумте ќерки кои се деца на владетелот, султанот Хасанал Болкија. Покрај неговиот татко, чие богатство се проценува на 20 милијарди долари, неговиот животен стил од самиот старт бил прилично раскошен. Матин ужива во играње поло, летување со приватни авиони, а голем дел од своето време го поминува на плажите низ светот, во друштво на диви животни.

Сепак, по едно интервју, младиот принц е опишан како “приземен човек кој не сака да се фали со богатството на своето семејство и кој е повеќе заинтересиран за едноставниот живот и времето поминато со семејството и пријателите”.

Но, од фотографиите во продолжение може да се забележи дека животот на Абдул не е воопшто едноставен и обичен – погледнете.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk