Во тек е приведување на Катица Јанева, полицијата го опколила домот на специјалната јавна обвинителка

Точка

21/08/2019

13:22

6.831

Големина на фонт

а а а

Голем број полицајци го опколиле домот на Катица Јанева, кој се наоѓа во скопско Козле, поради налог за нејзино апсење.

Во тек е приведување на Јанева која во текот на вчерашниот ден даде исказ како сведок за потребите на истрагата “Рекет”, но од денеска нејзиниот статус е променет во “осомничена”. 

Утринава Катица воопшто не се појавила во просториите на Специјалното Јавно Обвинителство, по што следуваше акција за апсење во нејзиниот дом. Блокирана е и улицата каде што се наоѓа домот на обвинителката.

Наскоро се очекува повеќе информации од Обвинителството за организиран криминал каде вчера Јанева беше на распит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг