Рускиот ендокринолог тврди: „Немојте да се лажете себеси, ова овошје ве дебелее повеќе од месо“!

Кармин

20/08/2019

15:50

7.448

Големина на фонт

а а а

Поголем број од луѓето, јаболката, лубениците и другото овошје не го доживуваат како храна. За нив тоа е како вода со витамини. Во меѓувреме со таквата “вода“ може видливо да се здебелите.

„Глобализацијата ни овозможи потојано да имаме на дофат разно овошје и зеленчук. Овошјето се увезува од различни страни на светот. Така јадеме што сакаме и кога ќе посакаме. Но, природата може и да не излаже - овошјето дава најмногу корист за нашето тело само тогаш кога се увезува сезонски. Што значи доколку истото тоа овошје го јадете во декември тогаш ништо од здравјето.

Овошјето и зеленчукот кои се одгледуваат вештачки, немаат ни половина од хранливите материи кои ги имаат во текот на нивната сезона.

Другата замка со овошјето е тоа што многу од луѓето мислат дека тоа нема калории.


Тие мислам дека лубеницата, јаболката се составени само од вода и витамини. Но, тие имаат и одреден број калории.

Има пациенти кои вишокот килограми го добиле само со јадење лубеница.

Мора да знаете една работа: овошјето е полно со фруктоза. Вишокот фруктоза, посебно доколку овошјето го консумирате на празен стомак, може да доведе до масна дегенерација на џигерот. Исто така фруктозата допринесува до развој на дебелеењето, предизвикува имунитет на хормонот за масно ткиво и на хормонот инсулин панкреас. Тоа за возврат доведува до постојано зголемување на апетитот.

Тоа е волшебен круг“.

Авторот на овој текст е Зухра Павлова, ендокринолог од Универзитетската болница во Москва. Текстот е објавен и на веб страницата „Econet.ru“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk