Сопственик на ресторан во Албанија бил уапсен поради физички напад на шпанско семејство и уништување на нивниот автомобил.
Кога петочленото семејство се пожалило на лошата храна и услугата во ресторанот Панорама во местото Химара на југот на Албанија, сопственикот на ресторанот, 51-годишниот Михал Кокедима, физички ги нападнал.
Во обид да побегнат, семејството влегло во автомобил со својот водич, а потоа станале сведоци на уште поголемо дивеење на Албанецот.
Имено, тој скокнал на хаубата и почнал да удира во шофершајбната додека преплашените луѓе гледале, а едно лице од автомобилот почнало да го снима нападот.
Албанецот во себе имал некој вид на ладно оружје со кое успеал да го скрши стаклото.
Кокедима успеал да се држи на автомобилот во движење околу 6 минути, се додека не наишле на полициско возило, пишува "Gazetatema".
Extreme road rage caught on camera in Albania, after an Albanian restaurant owner attacked a group of Spanish tourists. pic.twitter.com/kLMYzWkRVH
— Vincent Triest (@VincentTriest) August 17, 2019
Кокедима бил уапсен поради нападот, а подоцна шпанското семејство било примено од албанскиот министер за туризам, кој им се извинил за претрпените трауми.
Инаку, Кокедима и неговото семејство и претходно напаѓале туристи, а во 2017-та година локалните власти ја суспендирале неговата дозвола за работа.
Меѓутоа, тоа не го спречило и натаму да прима гости, ,а голем број од нив, како што покажуваат рецензиите на сајтот "Tripadvisor", се жалеле на услугата, храната и однесувањето на сопственикот.