Карагер со жесток коментар за Ериксен: Барселона и Реал ќе згрешат доколку го ангажираат, тој…

Дерби

17/08/2019

13:29

2.617

Големина на фонт

а а а

Кристијан Ериксен пред одреден период јасно стави до знаење дека сака да си замине од Тотенхем и да проба нов предизвик во својата кариера.

Сега откако евентуален негов трансфер во Манчестер Јунајтед пропадна, постои можност тој да се пресели во Реал Мадрид или Барселона, клубови кои се најзагреани за него во моментов.

Сепак, поранешната легенда на Ливерпул,а сега аналитичар на „Скај Спортс“ верува дека шпанските гиганти ќе погрешат доколку го донесат во своите редови затоа што тојне е на нивно ниво.

– Ериксен не е на нивото на Реал Мадрид и Барселона, ќе направат грешка ако го ангажираат. Ериксен беше целосно фит во Мадрид (Финалето на Лигата на шампионите) и имаше еднакво разочарувачки настап како Кејн. Немаше ниту еден доказ дека тој беше клучен играч на Тотенхем таа ноќ. Не го пишувам ова да го потценам Ериксен, одличен фудбалер кој блесна во дресот на Тотенхем. Ова е само мое верување дека Кејн е единствениот фудбалер во тимот кој Покетино не смее да си дозволи да го изгуби, -напиша Карагер во својата колумна за „Телеграф“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг