Баерн вчера киксираше, но ги израдува фановите со објава на два големи трансфери: Во Михнен пристигнуваат Кутињо и Куисанс

Дерби

17/08/2019

13:28

1.185

Големина на фонт

а а а

Тимот на Баерн Минхен со реми против Херта (2:2) на домашен терен ја стартуваше новата сезона во Бундеслигата.

Баварците со тоа ја прекинаа серијата од 11 побеи со ред на домашен терен и со неуспех го започнаа походот кон одбрана на титулата во германскиотшампионат.

Фановите, разбирливо беа разочарани, но од клубот брзо им го поправија расположението затоа што објавија два големи транфери.

На официјалниот профил на Баерн Минхен на социјалните мрежи беше потврдено дека Фелипе Кутињо ќе пристигне во клубот на едногодишна позајмица. Бразилецот се очекува да пристигне во Германија во недела или понеделник кога ќе треба да ги помине медицинските прегледи.


Трансферот го потврди и Хасан Салихамиѓиќ кој откри дека биле во Барселона со Румениге и ги договориле сите детали.

– Можам да потврдам дека со Карл Хајнц Румениге бевме во Барселона и постигнавме договор со клубот, играчот и неговиот агент. Пресреќни сме што го донесовме во Баерн .Станува збор за едногодишна позајмица со опција да го откупименеговиот договор. Тој е одличен играч кој сигурно ќе ни даде многу опции, -истакна Салихамиџиќ.

Нов фудбалер на Баерн Минхен е и Михаел Куисанс кој доаѓа од редовите на Борусија Мехенгладбах. Станува збор за играч од средината на теренот и француски репрезентативец во младинските категории кој минатата сезона за Мехенгладбах одигра вкупно 11 натпревари во Бундеслигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг