По 12 години, Тоше Проески добива достојно почивалиште – еве како ќе изгледа вечниот дом

Точка

16/08/2019

16:17

3.575

Големина на фонт

а а а

Оваа година на 16-ти октомври се навршуваат 12 години од смртта на еден од најдобрите гласови на Балканот, Тоше Проески.

Вечниот дом на пејачот се наоѓа на гробот Гумење во Крушево, а веќе 12 години станува збор за – верувале или не – импровизирана метална конструкција која е покриена и оградена со пластика и најлон, а нејзината состојба е многу лоша. 

Но, општина Крушево веќе распиша оглас за избор на фирма кој ќе го гради спомен обележјето. 


Емисијата “360 степени” на телевизијата “Алсат” објави видео од дизајнот на новото почивалиште на Тоше, а дизајнот е направен од страна на архитектот Жарко Чаушевски.

Изградбата на споменикот на македонската музичка икона се проценува дека ќе изнесува околу 150 илјади евра, а средствата се обезбедени од државниот буџет. Според информациите објавени во Електронскиот систем за јавни набавки, изградбата би требало да започне на 10-ти септември и да биде готова до крајот на ноември.


За потсетување, од 9-ти април стадионот “Филип Втори” го носи името “Национална арена Тоше Проески”.

“Утринава, на редовна седница на Владата донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави трајно обележје на македонската и регионалната современа историја”, соопштија тогаш од владата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг