Иако поминаа само два месеци откако се разведе, познатата манекенка Шанина Шајк забележана е во друштво на друг маж.
Шанина во јуни се разведе од музичарот Ракас со кој во брак била една година. Таа по разводот изјавила дека се чувствува добро и дека по тешкиот период ќе се посвети само на себе.
Меѓутоа изгледа дека не е баш така. Шанина е фотографирана во друштво на маж со кој разговарала на јахта, но не многу долго потоа “фатени“ се како се бакнуваат.
Shanina Shaik kisses mystery man on a yacht in Ibiza and shares cryptic quote about finding love | Daily Mail Online https://t.co/BHTnS3jEDM
— ludovic choupo (@ludovicchoupo) August 15, 2019
Иначе оваа убавица неодамна на Инстаграм објави фотографија на која позира во провокативен фустан, а под фотографијата напишала:
„Мора љубовта да ми е во паметот“ - што нејзините фанови го сфатиле како порака дека таа повторно е среќно заљубена.
Се шпекулира дека и нејзиниот поранешен сопруг е во нова љубовна врска. Тој по разводот изјавил дека тоа тешко му паднало и дека тоа е една од емотивно најтешките работи во неговиот живот.
„Шанина беше мојата најголема љубов. Ме направи подобар човек и на тоа сум ѝ многу благодарен“ - истакнал Ракас и додал дека нивниот брак завршил затоа што не биле доволно компатибилни за да опстојат заедно.