Мадона на 61 година ги “раширила“ нозете и покажала колку е еластична

Кармин

16/08/2019

08:52

4.427

Големина на фонт

а а а

Дека кралицата на поп музиката не запира ниту во 61-та година доказ е видеото на Инстаграм на кое покажува колку е флексибилна додека се подготвува за турнејата на која ќе го промовира и својот нов албум „Madame X“.

„Madame X се подготвува за својот ден“ - напишала под снимката која за помалку од 24 часа ја прегледале нешто помалку од милион луѓе.

Многу од фановите во коментарите ѝ пишувале пофални зборови и ѝ давале до знаење дека воодушевува со нејзината флексибилност.

„Како ти успева да бидеш така флексибилна на 61 година? Неверојатно тело“, „Се надевам дека и јас ќе можам да го правам тоа на кога ќе бидам на твои години“, „По гледањето на ова видео само сакам да вежбам растегнување“ - биле некои од коментарите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk