Кортни Кардашијан ги воодушеви фановите со фотографија без фотошоп

Кармин

15/08/2019

20:33

4.094

Големина на фонт

а а а

Иако Кардашијанките често ги прозиваат за фотошопирање на фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи, 40-годишната Кортни го „запали“ Инстаграм со необработена фотографија.

Најстарата сестра Кардашијан, на Инстаграм профилот на својот бренд „Poosh“, објавила фотографија на која позира на јахта во предизвикувачко едноделно бикини, а целото внимание го украле нејзините стрии кои гордо ги покажала и ги воодушевила фановите.

„Ти благодарам што не ги избриша стриите од фотографијата“, „Ја почитувам секоја жена која не се срами да го покаже своето прекрасно тело без фотошоп“, „Ох, wow, без фотошоп. Вака изгледа вистинско тело“, се само некои од многуте коментари кои Кортни ги добила под фотографијата.

Кардашијанката освоила и дополнителни симпатии од своите фанови така што им се заблагодарила на комплиментите и одговорила: „Ги сакам своите линии.“

Кортни моментално е во Италија, каде се одмора со своите деца и каде со остатокот од семејството неодамна го прослави 22-от роденден на својата полусестра, Кајли Џенер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk