„Хонда“ произвеле посебен автомобил кој бил наменет за луѓето да имаат сексуални односи во него

BalkanInsight

15/08/2019

15:45

5.637

Големина на фонт

а а а

Јапонци... Кога денес ќе се спомне „Хонда“, многумина веднаш помислуваат на безбедните и рационални автомобили како што се „Civic“ или „Accord“.

Но, изгледа дека компанијата во минатото правела и возила кои без сомнеж би можеле да ја понесат титулата за крајно луди.

Всушност, компанијата некогаш направила автомобил чија главна употреба била луѓето да можат да имаат сексуален однос во него.

Станува збор за моделот „Honda S-MX“.

Иако однадвор изгледа како и секој друг јапонски автомобил од 90-те години, „S-MX“ е дизајниран со специфична цел - како приватен простор за млади луѓе каде што можат да имаат секс.

И доколку е потребно да појдете до продавница по потребните намирници.

Неименуван извор на компанијата дури ја потврдил и изјавата дека автомобилот е замислен како “мобилен хотел за љубов“.

Иако ова не било нагласено со големи букви во маркетиншките брошури, „Хонда“ сепак оставила некои траги.

Самото име „S-MX“, доколку ја ротираме буквата M, добиваме S-ΣX што е збор кој многу лесно сите го препознаваат.

Имало и онакви луѓе кои ја укажувале поврзаноста на називот S&M и името на моделот.

Но, без оглед како го набљудуваме сепак ова име е избрано со причина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk