Мајка со генијален трик го навела синот да го намали користењето на технологијата и со тоа го воодушевила светот

Кармин

15/08/2019

22:02

16.959

Големина на фонт

а а а

Колку пати досега сте помислиле дека вашите деца поминуваат премногу време пред телевизор, компјутер или мобилен телефон? Веројатно многу пати. Особено доколку имате деца кои се во школска возраст.

Но, понекогаш е тешко да го ограничите времето кое тие го трошат на користење на технологијата, а на децата не им е јасно зошто тоа е штетно за нив. 

Сепак, една мајка се досетила на генијален начин како да го наведе својот син да го редуцира времето поминато на мобилен телефон и други уреди, а фотографиите од вознемиреното дете за кратко време станале вирални.


“Додека нејзиниот син спиел, мајката користејќи сенка за очи му го обоила подрачјето околу капаците, а тој бил ужаснат кога се разбудил”, пишува во описот од фотографијата, а авторот навел дека мајката му објаснила на детето дека темните, застрашувачки кругови се појавиле бидејќи премногу користел технологија. Според нејзиното тврдење, темните кругови ќе исчезнат доколку детето ги користи геџетите до еден час дневно.

Иако во оваа урнебесна објава не е наведено дали трикот успеал, многу мајки останале воодушевени од истиот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk