Припадниците на овие три хороскопски знаци најчесто изневеруваат, а еве и зошто

Кармин

14/08/2019

18:45

2.764

Големина на фонт

а а а

Неверството секако не зависи од вашиот хороскопски знак, тоа најчесто зависи од многу околности, но можеби еден дел склоноста кон изневерување и во вашиот карактер, на што пак хороскопот може да оствари одредено влијание.

Близнаци - изневеруваат од здодевност

Близнаците не сакаат рутина, а ако во врската почувствуваат дека влегуваат во рутина, без проблем ќе побараат нешто ново со некој друг. Тие ќе бараат внимание, ќе се впуштаат во незадолжителен флерт, а кога ќе им се укаже убава прилика, се впуштаат во мала љубовна афера и пред да стаант свесни за тоа, го изневеруваат партнерот.


Лав - изневерува поради недостаток на внимание

Колку и внимание да му посветите на Лавот, веројатно никогаш нема да му биде доволно. Лавовите се опседнати со идејата дека светот се врти околу нив, а ако на секунда не се задоволни со вниманието кое им е посветено, брзо ќе го пронајдат кај некој друг.

Шкорпија - Изневерува од страст

Шкорпиите се многу страствени, полни со љубов и неретко им се случува да се занесат во желбата да ја почувствуваат љубовта насекаде околу себе. Во моменти на страст тие не размислуваат премногу, па многу едноставно влетуваат во афера со некој кој моментално ги возбудил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk