Боде Милер и Морган после трагедијата очекуваат близнаци

Кармин

14/08/2019

18:00

3.259

Големина на фонт

а а а

Поранешниот скијач, Боде Милер и неговата сопруга Морган, објавија среќна вест дека очекуваат близнаци откако пред една година им почина 19-месечната ќерка Емелине.

„Ќе добиеме два сина“, рекол Милер, а пренесува „People“. Парот е пресреќен поради приновата.

„Отсекогаш сакав момчиња близнаци. Го прашав Боде дали мисли дека овој пат ќе добиеме близнаци, а тој рече не. Тогаш отидов на ултразвук и се покажа дека носам близнаци“, рекла Морган. Парот веста за бременоста ја сподели со обожавателите и пријателите на социјалните мрежи.


„Сега со радост можам да кажам дека очекувам момци близнаци. Од почетокот на оваа бременост знам дека Еми некако има 'вмешано прсти' во ова чудо“, напишала Морган.

„Близнаци! Еднојајчани близнаци. Не можам да бидам повозбуден, бидејќи се шири прекрасното семејство што го создадовме јас и мојата жена. Сонот се остварува“, вели возбудениот Боде. Боде и Морган се во брак од 2012-та година и заедно го имаат синот Наш Скан, а Боди од претходните врски ја има ќерката Несин Дејс и синот Самуел. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk