Трагично го остварил својот детски сон, а по неговата смрт италијанската мафија се обидела да го украде неговиот леш: Банкротирал па го создал нештото кое сите нè воодушевува денес!

Супермен

14/08/2019

14:44

6.937

Големина на фонт

а а а

Животот на Енцо Ферари бил проткаен со тага, најмногу поради фактот што живеел во времето на Светските војни, но наспроти тоа оставил голема трага во светот.

Ферари потекнувал од богато семејство кое никогаш не биле оскудни за ништо. Сè до Првата светска војна кога машките членови на семејството Ферари заминале да ја бранат татковината. Енцо тогаш за влакно ја избегнал смртта, но не и неговиот татко и брат кои загинале на военото поле.

Семејството набрзо банкротирало, а Енцо со својата мајка и сестра се нашол на работ на егзистенцијата. Тогаш ги земал работите во своите раце и одлучил да го оствари својот детски сон и големата животна желба ја претворил во дело.


Подоцна ќе се воспостави дека тоа бил вистински потег кој ќе му донесе огромно богатство.

Прво побарал работа во компанијата „Фијат“, но бил одбиен. Ферари подоцна се вработил во некоја помала автомобилска компанија „CMN“ каде што редизајнирал коросерии на стари камиони и ги претворал во мали патнички возила. Таму почнал да се трка во 1919-та година. Потоа почнал да вози трки за Алфа Ромео, но по неколку години воочил дека не е добар возач колку што мислел. Вложил сè што имал и почнал да ги подготвува автомобилите Алфа Ромео за возење.

Едно од најпознатите обележја на сите времиња, “коњчето на Ферари“, првпат се појавило на воените авиони кои за време на Првата Светска војна ги возел Франческо Барака.

Енцо Ферари во 1923-та година по некоја трка се запознал со родителите на Барака и тие му предложиле “за среќата“ и спомен на нивниот син херој кој починал кон крајот на војната да го додаде познатото “коњче“ на тркачките автомобили.

Жолтата официјална боја на Модена, родниот град на Енцо Ферари, земена е како позадина и легендата е родена во 1931-та година - знакот со коњот станува обележје на популарната марка автомобили.

Ривалството меѓу „Ламборџини“ и „Ферари“, компаниите кои ги прават едни од најпопуларните автомобили на светот, во тоа време попримило митски размери. Ферари во јавноста внимателно ги фалел возачите кои ги ризикуваат своите животи за неговиот тим, инсистирајќи на тоа дека со секоја добиена трка подеднакво се заслужни и автомобилот и возачот.

Меѓутоа, неговиот долгогодишен пријател и сметководител на компанијата Карло Бенци, изјавил дека во приватен живот Ферари велел дека “автомобилот е заслужен за секој успех“.

Енцо Ферари починал на 14-ти август 1988-та година во Маранела кога имал 90 години. Првиот автомобил кој го носел неговото име почнал да се произведува во 2003-та година како „Енцо Ферари“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk