Пејачка, актерка, дизајнерка, а сега и претприемач: Селена Гомез започнува нов бизнис

Кармин

14/08/2019

14:34

2.271

Големина на фонт

а а а

Пејачката Селена Гомез им се придружува на Лејди Гага и Ријана, но не во студио, туку во светот на селебрити бјути могулите.

Имено, како што пренесува „WWD“, Селена Гомез поднела барање за брендирање на името на својата истоимена бјути линија, која ќе вклучува парфеми, козметика, производи за нега на кожата и лицето, сапуни и етерични масла.

На пејачката ова не ѝ е прво впуштање во бјути водите. Гомез во 2011-та година лансираше парфем со сопственото име, кое го направила со помош на обожавателите, од кои побарала помош за избор на “романтична комбинација на мириси кои истовремено се слатки, но и зрели“, изјавила своевремено за страницата „Racked“.

Селена исто така низ годините остварувала бројни дизајнерски соработки. Лансирала линија на облека - „Out Loud“, која се продавала во супермаркетите „K-mart“, во 2010-та година, потоа станала заштитно лице на брендот „Coach“, каде веќе неколку години и соработува и на линија со ташни, а во 2018-та година заедно дизајнираа и колекција со облека.

Пејачката моментално е заштитно лице на спортскиот бренд Пума и со нив работи на линија со патики и модни додатоци. Вистинска бизнисменка, зарем не?

А не смееме да заборавиме да споменеме и дека покрај пејачката, има и неверојатна актерска кариера. Последниот филм кој го снимаше е романтична комедија „A Rainy Day in New York“ и наскоро пристигнува во кината, а како режисер се потпишува славниот Вуди Ален. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk