Кој не става појас, нека не купува нов Chevrolet

Супермен

14/08/2019

13:40

7.331

Големина на фонт

а а а

Американскиот Chevrolet вовел нов систем кој го условува возачот да става сигурносен појас.

Бидејќи возачите пронашле начин како да го исклучат иритирачкиот звук кој се јавува кога појасот не е ставен, од компанијата се одлучиле на подрастичен чекор.  

Под називот “Buckle To Drive”, Chevrolet вовел систем по кој автомобилот не му дозволува на возачот да го стави менувачот во брзина сè додека не стави појас.

Овој систем е дел од кампањата на автомобилскиот бренд за возењето на тинејџерите, која им овозможува на родителите да ги следат возачките навики на своите деца со помош на ограничување на брзината и безбедносни системи чие вклучување го активира и автомобилот.

Системот за ставање на појас работи на едноставен принцип – ако автомобилот е вклучен без ставен појас, менувачот се блокира до 20 секунди или додека возачот не го стави појасот. Меѓутоа, системот се гаси по истекот од 20 секунди, а од Chevrolet објаснуваат дека е лимитиран на тоа време бидејќи 70 отсто од возачите пробуваат да го придвижат автомобилот во тој период по вклучување на автомобилот.


“Поради тоа сметаме дека времето од 20 секунди ќе создаде природна навика и ќе ги охрабри тинејџерите да го стават појасот пред да го придвижат автомобилот”, велат од General Motors, кој е сопственик на Chevrolet.

GM не е првиот произведувач кој вовел ваков систем – сличен постоел во законот пред 40 години. Владата на САД во 1974 година условувала возилата да го закочуваат стартот на моторот додека не се стави појас. Меѓутоа, поради притисокот од јавноста, овој закон бил отстранет, а воведен е закон за систем за предупредување во возилото за врзување на појас.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk