Наоми Кембел изгледа одлично во својата прва кампања за Келвин Клајн

Кармин

14/08/2019

13:02

610

Големина на фонт

а а а

Наоми во својата 30-годишна модна кариера, во својот животопис запишала мноштво култни модни снимања, насловни страници и ревии, но ниту еднаш не била заштитно лице на кампања за брендот Келвин Клајн.

Иако познатиот супермодел често носи парчиња од овој омилен американски бренд за разни настани, но била дел и од нивните ревии, ова е всушност нејзин прв ангажман како модел за нивната кампања.  


На снимањето ѝ се придружиле и други познати имиња од светот на модата, музиката и филмот.

Идејата за новата “#MYCALVINS” кампања е да ги покаже моделите и ѕвездите на кампњата (Бела Хадид, Дипло, Одел Бекам Џуниор, Џејкоб Елорди, Бет Дито, Леј Жанг, Џели Лин, Хејли Фостер, Еби Чемпион, Кара Тејлор и Метју Ношка) и без филтер.


Самото видео од кампањата ги покажува моделите во нешто поопуштени изданија, како се забавуваат додека танцуваат, јадат, гледаат телевизија и уживаат во домот во омилениот пар долна облека.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk