Меркел сака да биде запаметена по тоа што се трудела

Макфакс

14/08/2019

11:06

646

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се надева дека во историските книги за неа ќе биде напишано само едно – се трудела.

За време на јавната манифестација во градското собрание на градот Стралсунд, на прашањето на новинарот што ќе прочитаат децата за неа во историските книги за 50 години, таа размислувала неколку секунди, а потоа одговорила со насмевка – „се трудеше“. 

Публиката гласно се насмеала на нејзините зборови и ја поздравила со аплауз, пренесува „Политико“.

На прашањето што ќе прави откако ќе ѝ истече мандатот, таа рекла дека нема намера да продолжи активно да се занимава со политика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг