Официјален Пекинг: На аеродромот во Хонгконг се случи речиси терористичка акција

Макфакс

14/08/2019

10:29

864

Големина на фонт

а а а

Кинеската канцеларија за Хонгконг денеска ја осуди, како што наведе, речиси терористичката акција на аеродромот во Хонгконг и ја повтори поддршката за властите во тој град, кој е под кинеска контрола, строго да ги казнат одговорните за ескалацијата на кризата.

Канцеларијата, исто така, остро ги осуди нападите врз новинар на кинескиот „Глобал тајмс“ и патници кои, како што е наведено, биле извршени од насилните антивладини демонстранти, пренесува „Ројтерс“. 

На аеродромот во Хонгконг, каде што демонстрантите го изразуваа незадоволството од властите на овој посебен кинески административен регион, денеска продолжи да се одвива воздушниот сообраќај, а стотици летови кои во изминатите два дена беа откажани поради судири меѓу полицијата и демонстрантите повторно ќе бидат закажани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг