Необична туристичка понуда во Италија: Живејте како неандерталец!

Точка

14/08/2019

10:22

2.572

Големина на фонт

а а а

Во ерата на модерниот туризам, кога задоволството на гостите се мери според бројот на ѕвезди кои хотелите ги поседуваат, еден Италијанец одлучил да ги учи туристите како да живеат како неандерталци.

Самопрогласениот современ пештерски човек, Гвидо Камија, луѓето на курсот ги учи на техники за преживување од каменото доба. 

Цената на курсот - 100 евра

Заинтересираните, меѓу другото, ќе научат како со голи раце да се качуваат по карпи и дрва, да запалат оган со помош на камен или да изградат засолниште.

Цената на курсот, која ја одобрила италијанската Федерација за преживување, чини меѓу 70 и 100 евра на ден, а се организира во главно преку викенд. Гвидо Камија личи на вистински неандерталец. Облечен е во животинска кожа, има долга коса и брада, а не се одвојува од своето копје, со чија помош лови.

"Веќе пет години организирам курсеви кои се под покровителство на Италијанската федерација за преживување. Мојата страст е палеолитот и од таму е идејата за модерен неандерталец. Тие живееле од пред 400.000 години до пред 40.000 години. Биле многу интелигентни. Неандерталецот го открил огнот и можел да се адаптира на сите временски услови", вели Камија и додава:

"Неандерталците биле номади кои многу се селеле, живееле по пештери и знаеле како да направат засолниште".

Современите неандерталци, наместо во воден кревет, навечер ќе спијат на кревет направен од гранки и лисја.

Камија, кој бил готвач, вели дека за семејствата и организираните групи нуди предавања од по неколку часа, каде ги учи на основните методи за преживување.

Ловење на храна

"Им покажувам како живееле неандерталците, што јаделе, како палеле оган, како користеле копје. Тука има и забрзан курс за подготовка на основни јадења. Доколку сакаат, луѓето можат и сами да го ловат тоа што ќе го јадат. Сите ќе научат дека мозокот троши најголем дел од енергијата, бидејќи по три дена без храна и најпроста математичка задача станува невозможна", вели тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг