Се избламирале како никој: Еве која НАТО држава кренала F-18 на Сергеј Шојгу

Точка

14/08/2019

21:53

13.754

Големина на фонт

а а а

Ловецот F-18, кој се обидел да се доближи до авионот на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, над неутралните води на Балтичкото море, припаѓа на воздухопловството на Шпанија.

Авионот е во состав на мисијата на НАТО за патрола на воздушниот простор на балтичките земји, пренесува порталот "ABC". 

Мадрид во Балтичките држави распоредил вкупно пет ловци F-18, заедно со 140 припадници на екипажот и послуга. Шпанскиот контингент се наоѓа во литванскиот град Шјаулиаи и ќе остане на Балтикот до крајот на август. Патролната мисија на НАТО моментално ја претставуваат шпански, британски и унгарски воздушни сили.

Претходно Министерството за одбрана на Русија соопштило дека инцидентот се случил кога авионот со министерот, со два ловци на Балтичката флота на Русија, од Каљининград летал во Москва.

На авионот во кој се наоѓал Сергеј Шојгу се обидел му се доближи F-18, но пилотите на руските ловци го испратиле пред воопшто да успее во својата намера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг