После раѓањето на третото дете откри што најмногу ја плаши после породувањето

Точка

13/08/2019

16:45

3.152

Големина на фонт

а а а

Аланис Морисет го роди третото дете, малиот Винтер Мерси.

Секогаш нè радува веста за принова кај познатите, а пејачката во 45-та година на свет донесе момче. Таа веќе има 8-годишен син Евер Имре, 3-годишна ќерка Оникс Солар и на 8-ми август го доби трето дете, со сопругот Марио Солеј Традвај.

Пејачката во март објави дека е бремена, а неодамна зборуваше за својот страв од постпородилна депресија, пренсува Метро. Страдала од ментално пореметување после двете бремености, а сега има сериозен план доколку повторно ги забележи симптомите.

„Имав постпородилна депресија после двете претходни бремености. Имав чувство како да сум под вода и постојано имав желба да се изборам да излезам на површина. Првиот пат не побарав помош цела година и четири месеци, а вториот пат чекав четири месеци. Сега нема да чекам ниту четири минути и на сите им реков дека колку и да велам дека сум добро, да знаат дека не сум“, рекла пејачката.

Објаснила дека чувството на постпородилна депресија прави сè друго да е во втор план.



Спонзорирани линкови

Маркетинг