Прво го остави Памела Андерсон, а сега дефанзивецот поради глупост доби отказ и од фудбалскиот клуб!

Точка

13/08/2019

15:20

6.125

Големина на фонт

а а а

Адил Рами повеќе не е фудбалер на Олимпик Марсеј. Гледавме разни глупости на фудбалерот ширум светот, но тоа што ни доаѓа од Франција е победа за себе.

Велиме поранешен затоа што добил отказ поради лага дека е повреден за на телевизија да се бори во кал во популарното риалити шоу „Ford Boyadz“.

Бидејќи се работи за многу популарно шоу, меѓу големиот број луѓе кои го гледале биле и лидерите на Марсеј кои виделе дека нивниот искусен стопер ги излажал.

Првакот на светот со репрезентацијата на Франција, учествувал во многу игри во кои не би можел да учествува доколку навистина бил повреден.

Гледајќи го тоа, лидерите на клубот “полуделе“ и прво го суспендирале Рами, но набрзо потоа се предомислиле и одлучиле дека не сакаат во својата екипа да имаат човек кој е недисиплиниран и дека преку такви лаги не можат да преминат.

Да ве потсетиме дека Рами неодамна доби “корпа“ и од Памела Андерсон. Поранешната Плејбој зајачица раскина со него во јуни тврдејќи дека популарниот фудбалер води двоен живот и дека секогаш има уште една девојка покрај него.

Изгледа дека двојниот љубовен живот не е единствениот двоен живот кој го живее Рами.



Спонзорирани линкови

Маркетинг