Актерката Лиса Рина, која нашата публика ја памти како Тејлор Мекбрајд од серијата "Мелроуз Плејс", денес има 56 години, а и натаму активно глуми и изгледа неверојатно.
Толку неверојатно, што многумина на нејзината фотографија со ќерката Амелија Греј (18), констатирале дека е тешко да се разликува која дама е во втората, а која во шестата деценија од животот.
Тоа што е сигурно е дека Лиса изгледа барем 30 години помладо, а кога ќе облече костим за капење, многу жени дефинитивно и завидуваат.
Иако тврди дека за тоа е задолжена здравата исхрана, здравиот живот и редовното вежбање, не е тајна дека Лиса имала проблеми со пореметување во исхраната.
Како и да е, се чувствува виновна што и нејзината ќерка Амелија исто така патела од пореметување во исхраната, бидејќи мисли дека нејзиното однесување многу влијаело на тинејџерката.
И Лиса и Амелија вчера на розовиот тепих во Центарот за конвенции во Лос Анџелес воодушевиле со својата појава.
Изгледале поубаво и поздраво од било кога, а Лиса дури и помладо од било кога.