Перишиќ е нов играч на Баерн Минхен

Точка

13/08/2019

14:30

1.957

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ го комплетираше трансферот во Баерн Минхен каде што пристигнува на едногодишна позајмица од редовите на милански Интер.

Перишиќ премина во Интер во 2015-та година откако претходно настапуваше во Германија во екипите на Борусија Дортмунд и Волфсбург. Во Баерн Минхен пристигнува откако новиот тренер на Интер, Антонио Конте го отпиша од тимот на „Нераѕурите“ за новата сезона.

„Среќен сум што се враќам во Германија. Баерн е еден од најголемите клубови и мило ми е што сум тука. Сакаме да освојуваме, не само Бундеслигата туку и Лигата на шампионите“, изјави Иван Перишиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг