Албон признава: Промоција во деби сезона е нереално

КРУГ.МК

13/08/2019

16:01

658

Големина на фонт

а а а

Албон ќе го замени Пјер Гасли покрај Макс Верстапен од Белгиското Гранд При. Ред Бул сакаат да го проценат Албон за постојано возачко место следната година, откако Гасли имаше проблематична сезона до сега.

Британецот со тајландско потекло преку социјалните мрежи истакна дека е нереално што добил таква огромна шанса со Ред Бул.

„НЕ МОЖАМ ДОВОЛНО ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ ЗА ДОВЕРБАТА И ШАНСАТА. ОВА Е ГОЛЕМ СКОК ВО ДЛАБОКОТО, НО ЈАС ГИ НОСАМ КУПАЌИТЕ!

БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ВО ТОРО РОСО, ОСОБЕНО НА ФРАНЦ ТОСТ ЗА ОГРОМНАТА МОЖНОСТ ДА ВЛЕЗАМ ВО ФОРМУЛА 1 И НЕГОВАТА НЕПРЕСТАЈНА ПОДДРШКА ВО ПРВАТА ГОДИНА. СЕГА СЕ ФОКУСИРАМ НА ПРВАТА ТРКА СО ТИМОТ ВО СПА“.

Албон беше повикан од Ред Бул за 2019 година, откако имаше импресивна Формула 2 сезона во 2018 година, каде се тркаше против Џорџ Расел и Ландо Норис за титулата и заврши на 3то место зад нив.

Тој е дел од јуниорската програма на Ред Бул веќе седум години, но го изгуби своето место по првата разочарувачка сезона. Го доби местото назад со одлична форма во Формула 2, по што доби и возачко место во Торо Росо.

Албон освои поени во првите пет трки годинава и заостанува само позади Квјат поради подиумот на русинот на Германското Гранд При. Пред летната пауза, Албон истакна дека би сакал да заврши солидна работа за да остане во Торо Росо.

 „ТОА БИ БИЛО СОН“, ИСТАКНА ТОЈ ВО ГЕРМАНИЈА.

„ЌЕ ВИДИМЕ. МИСЛАМ ДЕКА ОВАА ГОДИНА ПОМИНА ДОБРО, НО СЕКАКО ДЕКА САКАМ ДА БИДАМ ПОДОБАР И ДА ПРОДОЛЖАМ ВО ФОРМУЛА 1. СЕКОЈ ТРКАЧКИ ВИКЕНД СЕ УЧИ НЕШТО НОВО, ШТО СЕ ПРИМЕНУВА НА СЛЕДНАТА ТРКА.

ТОА БЕШЕ ГЛАВНОТО НЕШТО, ОСОБЕНО НА ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ВИКЕНДИ, КОИ СТАНУВААТ СЕ ПОДОБРИ. СЕГА ЗНАМ КАДЕ БОЛИДОТ ТРЕБА ДА БИДЕ БРЗ, ДА СЕ НАЈДЕ ОПТИМАЛНИОТ ПРОЗОРЕЦ КОГА ТОЈ ФУНКЦИОНИРА НАЈДОБРО“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг