Манекенката ужива во летото со својата ќерка: „Мажите сега не ѝ се приоритет“

Кармин

13/08/2019

11:00

1.460

Големина на фонт

а а а

Руската манекенка Ирина Шајк летото го поминува на Ибица, одморајќи се со ќерката Леа која ја доби од врската со актерот Бредли Купер.

По бурниот период кој е позади неа, поточно раскинувањето на врската со актерот, Ирина се посветила на двегодишната ќерка Леа со која го поминува слободното време.

Ирина и Леа уживаат на Ибица. Летото го поминуваат така што со јахта го обиколуваат овој преубав шпански остров.

Ирина, како грижлива мајка води сметка за секој чекор на малата Леа притоа покажувајќи совршена линија на телото во различни костими за капење кои ги избрала за ова летување.

Убавата манекенка наводно сака да ѝ се случи нова љубов, но во овој момент таа се фокусира на себе и на својата ќерка.

„Фокусирана е на ќерка ѝ и сака што повеќе време да помине со неа. Сака да запознае некое ново момче кое ќе го освои нејзиното срце, но тоа во овој момент не ѝ е приоритет. Излегла од долгогодишна врска и потребно ѝ е време за да закрепне“ - изјавил извор близок на манекенката за „I News“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk