Рајски сон за 325 фунти: Спиете над морето под ѕвезденото небо

Точка

13/08/2019

10:49

1.141

Големина на фонт

а а а

Многумина од нас сакаат да спијат покрај море, со единствениот звук на брановите кој не релаксира, но и мирисот на морето кој благотворно делува на нашиот организам.

Сигурно некогаш сте спиеле на брегот на морето или на самото море, но ваков сон веројатно не сте имале, доколку не сте преспале на Малдивите. 

Гостите во хотелот на Малдивите спијат на мрежи над океанот и под ѕвезденото небо за 325 фунти од вечер.

Хотелот "Grand Park Kodhipparu" на Малдивите на своите гости им нуди специјална можност, а тоа е да се одмораат или да спијат на мрежи поставени над морето и под ѕвезденото небо.

Секоја од 120-те вили има сопствен "мрежест кревет", а изнајмување на вила на една вечер чини 325 фунти. Во вилите има и вистински кревети, така што гостите не се принудени да спијат на отворено.

Инаку, секоја вила има внатрешен и надворешен туш, минибар, како и пристап до океанот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг