Погледнете го домот од соништата за кој холивудскиот заводник “искеширал” 5 милиони евра

Супермен

12/08/2019

15:02

3.488

Големина на фонт

а а а

Познатиот холивудски актер и заводник, 55-годишниот Џон Стејмос, решил да се почести себеси, но и своето семејство со импресивна куќа во Хиден Хилс во Калифорнија.

Домот за кој издвоил дури 5 милиони евра се простира на имот со површина од 6.070 квадратни метри, а самата вила има 534 квадратни метри. 


Оваа куќа од соништата има 6 спални соби, 6 купатила, базен, спа, кошаркарски терен, музичко студио, игралиште, градина, штала... Домот некогаш им припаѓал на музичкиот продуцент Адам Андерс и неговата сопруга, пејачката Ники Андерс.

Џон Стејмос своевремено беше во брак со холивудската ѕвезда Ребека Ромејн од 1998 до 2005 година, а во 2018 година се ожени со актерката Кејтлин Мекхју.

Во продолжение, погледнете ја импресивната вила на познатиот актер:




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk