Проговорила за разводот: "Не се вклопувам во стереотипната улога, жените и натаму ме привлекуваат"

Точка

12/08/2019

12:10

5.109

Големина на фонт

а а а

Веста дека се разделиле пејачката Мајли Сајрус и актерот Лиам Хемсворт со голема брзина го обиколила светот, посебно кога било објавено дека Мајли одлучила да стави крај на бракот поради други жени.

Пејачката и нејзиниот сопруг се разделиле по помалку од една година од романтичната венчавка во декември минатата година. Биле врска цели 10 години. 

Кратко откако било објавено дека се разведуваат, Мајли објавила фотографија на Инстаграм со својата пријателка Кејтлин Картер, која исто така неодамна се развела од својот сопруг, Броди Џенер, пренесува "Mirror".

Таа одлучила преку Инстаграм да им се обрати на своите фанови, поставувајќи фотографии на кои позира на врв на планина.

"Немојте да се борите против еволуцијата бидејќи никогаш нема да победите. И планината на која стојам, која некогаш била под вода, била поврзана со Африка, промената е неизбежна", напишала таа и додала:

"Доломитите не се создадени преку ноќ. Милиони години биле потребни да настане оваа величествена убавина. Татко ми секогаш ми велеше: "Природата никогаш не брза, но секогаш доаѓа на време"...Ми се полни со срцето со мир и надеж од сознанието дека тоа е вистина. Направија да ја почитувам планетата и нејзиниот процес и ќе продолжам да го правам тоа".

View this post on Instagram

New day. New adventure. ?

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus) on

Портпаролот на славната пејачка вчера потврдил дека Мајли и Хемсворт се разделиле.

"Постојано развивајќи се како партнери и поединци, одлучија дека е најдобро секој да се фокусира на себе и својата кариера. Тие и натаму остануваат посветени родители на своите животни кои ги делат", навел портпаролот, и ги замолил сите да ја почитуваат нивната приватност.

Мајли е снимена како разменува нежности со Кејтлин Картер во текот на одморот на езерото Комо.

View this post on Instagram

So much Versacheeeeee @versace ?

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus) on

Неодамна Мајли зборувала за својата сексуалност, и признала дека жените и натаму ја привлекуваат.

"Мислам дека луѓето се збунети поради тоа што отворено кажувам дека ме привлекуваат жени, а сум во хетеросексуален брак. Но, нашата врска е единствена", рекла Мајли неодамна.

"Дали луѓето навистина мислат дека седам дома и носам кецела? Јас сум во хетеросексуална врска но и натаму ме привлекуваат жени...Дефинитивно не се вклопувам во стереотипната улога на жена. Не го ни сакам тој збор", заклучила Мајли.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk