Ги натерале да тренираат заедно: Погледнете како изгледала средбата на Новак и Кирјос во Синсинати

Точка

12/08/2019

11:18

5.001

Големина на фонт

а а а

Возможен дуел. Изгледа дека организаторите на Мастерс во Синсинати сакаат проектираната ждрепка да се оствари и на програмата да има дуел помеѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос.

Австралискиот тенисер не го поднесува првиот тенисер на светот, но изгледа дека Американците не биле известениза за тоа и затоа Новак и Кирјос ги оставиле да тренираат на ист терен.

Постои голема шанса српскиот и австралискиот тенисер да се сретнат двапати во Синсинати па тогаш не е ни чудна одлуката на организаторите на натпреварот што им дале ист терен за тренинг.

Додека Кирјос тренирал, а Ноле доаѓал, српскиот ас само мирно поминал покрај Австралијанецот и продолжил по својот пат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг