Мажите ги обожуваат: По овие потези стануваат вистински “ѕверки“ во кревет

Кармин

09/08/2019

14:40

4.172

Големина на фонт

а а а

Техниките на масажа на пенисот се различни, а целата креативност останува на вас, но важно е да ги следите и неговите реакции и да сфатите колку му годи тоа што го правите.

Доколку сте се заситиле од стандардниот секс со партнерот и желни сте за иноваации во креветот можеби е време мажот да го изненадите со еротска масажа на пенисот. Ова може да биде прекрасна предигра, но не е исклучено да прерасне во главен чин.

Може дополнително да се заиграте и да барате од партнерот по масажата да ви приреди нешто што ќе го паметите долго. Самата масажа ќе ги загрее страстите и целосно ќе го излуди, но и ќе го освежи вашиот сексуален живот доколку паднал во криза.


Не заборавајте во текот на масажата да користите лубрикант или масло за тело затоа што во спротивно ова искуство може да биде непријатно за мажот.

Еве некои од популарните техники кои сексолозие ги препорачуваат.

Рачка техника

Кај оваа техника жената треба да ја фати главата на пенисот со прстите па да го поместува со лесни потези лево-десно како кога врти кружна рачка.

Клешти со два прсти

Оваа техника се изведува така што пенисот се фаќа меѓу показалецот и палецот на прелазот пред главицата, а потоа со прстите се поминува на тоа место - како кога се отвора чеп на некое шише.


Дополнителна масажа

Нека не ве мами само името “масажа на пенисот“ затоа што не е задолжително само машкиот алат да биде единствената ѕвезда. Вниманието треба да се посвети и на тестисите, но со тоа треба да бидете многу нежни.

За било која техника да се одлучите вашиот партнер во секој случај ќе ужива, за мажите ова е посебна стимулација и доживување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk