Неговиот татко го напуштил кога имал само 3 години, на постарата сестра ѝ била дијагностицирана леукемија, неговата ќерка била родена мртва... Кијану Ривс најдобро знае колку животот може да биде тежок, но некако сепак успева да ѝ понуди топлина и хуманост на својата публика и светот.
Токму затоа, многумина и го сакаат, а неговите зборови имаат посебна тежина. Во продолжение, ви пренесуваме само дел од неговите изјави:
- Ако успееш да ја насмееш жената, ќе ја видиш најубавата работа на планетата Земја.
- Бакнувањето е прилично интимно и твоето срце секогаш прескокнува пред да го направиш тоа.
- Понекогаш непријателите се нашите најдобри учители, луѓето можат да учат од своите грешки, уништувањето понекогаш значи повторно раѓање.
- Верувам во љубов на прв поглед. Ја сакаш таа врска, а потоа посакуваш и некои проблеми.
- Утрешниот ден не ти е загарантиран, живеј денеска.
- Понекогаш едноставните работи се најтешки за постигнување.
- Болката го менува обликот, но никогаш не престанува.
- Вљубувањето и врската се две различни работи.
- Воспитан сум да се однесувам кон луѓето онака како што би сакал тие да се однесуваат кон мене. Тоа се нарекува почит.
- Никој од нас нема да излезе жив одовде, затоа ве молам да престанете да се однесувате кон себеси како да не сте важни. Јадете вкусна храна. Шетајте кога е сончево.
- Забавно е кога сте безнадежно вљубени. Опасно е, но забавно.