Автомобили кои крадците можат да ги украдат за само 10 секунди

Точка

08/08/2019

14:43

3.001

Големина на фонт

а а а

Можеби изгледаат безбедно, но дефинитивно не се! Сајтот „Autocar“ открил голема пропуст во безбедноста на некои од најпопуларните модели на автомобили.

Всушност, некои од моделите можат да бидат украдени за само неколку секунди.

Три автомобили оствариле посебно лоши резултати на тестот, а најлош од нив бил новиот „Citroen DS 3 Crossback“ во кој крадците можат да влезат и да го украдат за само 10 секунди.


„Audi TT RS Roadster“ може да биде украден за исто толку време, но само доколку системот за палење на автомобилот без клуч биде активен, а технологијата против крадење не ја блокирала бравата.

Кога овие превентивни мерки се активни тогаш во автомобилот не може да се влезе и да се украде.

„Land Rover Discovery“ остварил малку подобри резултати и може да биде украден за само 30 секунди.

На тестот најдобро поминале „BMW X3 SUV“ и „Ford Fiesta“. На експертите за безбедност им биле потребно 40 секунди да влезат во возилото и уште дополнителни 20 секунди да го украдат.


Некои од брендовите, како што се „BMW“ и „Mercedes“ имаат технологија за следење на движењето која го гаси радарскиот систем на клучот кога не се користи, а тоа на крадците им го отежнува користењето на скенерот кој го следи тој сигнал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг