Линдзи Лохан го “уловила“ принцот на Саудиска Арабија чие семејство е тешко 1.400.000.000.000 долари

Кармин

07/08/2019

21:21

13.279

Големина на фонт

а а а

Линдзи признала дека во последните неколку години опседната е со арапскиот свет и нивниот начин на живот па дури и го најавила својот женски филм „Frame“ кој би ја доловил саудиската култура, пренесуваат од „PageSix“.

Холивудската ѕвезда Линдзи Лохан (33) која има бурен и скандалозен живот наводно го “уловила“ принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман (33).

Пред претпоставките дека е во врска со саудискиот принц, Лохан била о врска со рускиот бизнисмен Тарабасов (26), а пред тоа со американскиот хотелиер Викрам Чатвал.

Линдзи и Мохамед се запознале пред една година на гран при трката на „Формула 1“. Почнале интензивно да се дружат, а накрајот тоа преминало во љубовна врска, според тврдењето на нивни блиски пријатели. Се шпекулира дека од принцот добила кредитна картичка на која има милијарди, а со неговиот приватен авион го обиколува светот.


Линдзи признала дека во последнте години буквално е опседната со арапскиот свет и нивниот начин на живот.

И двајцата се многу скандалозни личности. Додека саудискиот принц е обвинет за нарачување убиства меѓу кои на новинарот Џемал Кашогија во 2018-та година, познат е и по многу скапиот начин на живот и дека не жали кога троши пари, а убавата Линдзи се бори со тешка зависност од алкохол и наркотици па дури и неколку пати се обидела себеси да си го одземе животот.


Мухамед е “тежок“ 17 милијарди долари, а целото негово кралско семејство тешко е 1.4 трилиони долари.

Принцот Мухамед е идниот крал на Саудиска Арабија кој на трон ќе дојде по смртта на кралот Салман бин Абдулазиз Ал Сауда (83).

Мухамед е препознатлив по ненормалното трошење на милионите па така поседува јахта од 500 милиони долари, 300 милиони вреден француски замок и 450 милиони долари вредна слика од Леонардо да Винчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk