Проѕирниот фустан во кој Кејт Мидлтон го освоила принцот Вилијам: „Оваа Кејт навистина е сексапилна!“

Кармин

01/08/2019

21:26

13.941

Големина на фонт

а а а

Веднаш штом ја видел принцот Вилијам се заљубил. Фустанот во кој војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон го завела принцот Вилијам е парче облека во кое денес не би можеле ни да се замислите.

Кејт Мидлтон тогаш била студентка на Универзитетот St. Andrews кога во 2012-та година учествувала на некоја хуманитарна модна ревија и со својата појава го освоила Вилијам.

Тоа што е најинтересно е што тогаш таа прошетала во мини проѕирен фустан со тиркизна лента над градите од креаторката Шарлот Тод.


Под фустанот носела црна долна облека која се гледала.

Принцот секако дека седел во првите редови и штом ја видел Кејт му рекол на својот пријател Фергус Бојд: „Оваа, Кејт навистина е секси!“.

Кејт пред неколку години се пошегувала на прославата на 60-годишнината од факултетот и им порачала на студентите да “внимаваат кога учествуваат на некоја модна ревија затоа што никогаш не знаат какво парче облека ќе добијат“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk