Лејди Гага е заљубена: „Да, тие двајца дефинитивно се заедно“

Кармин

31/07/2019

23:27

9.325

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага има ново момче и тоа не е Бредли Купер. Американските и британски таблоиди се распишуваа за врската на Гага и аудио инженерот Дан Хортон.

Додека целиот свет зборуваше за нејзината “романтична врска“ со Бредли Купер, Гага се гледала со Хортон кој е нејзин соработник од минатата година.

Парот минатиот викенд бил забележан на романтична вечера, а извор близок до пејачката изјавил дека тие двајца дефинитивно се заедно.

„Да, тие двајца дефинитивно се заедно“ - изјавил некој близок пријател на Гага.

Веста дека Гага има ново момче и дека тој не се вика Бредли ги разочарал нејзините обожаватели. Многумина се надевале дека Гага и Бредли ќе признаат дека се во врска откако популаниот актер ја прекина долгогодишната врска со руската манекенка Ирина Шајк.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk