Додека злосторникот Ел Чапо “гние“ во затвор, неговата сопруга ужива за сите пари: Убавата Ема жешките летни денови ги поминува во Венеција

Кармин

31/07/2019

09:13

8.253

Големина на фонт

а а а

Неодамна познатиот нарко бос Хоакин Гузман, препознатлив како Ел Чапо, осуден е на доживотна казна затвор која ќе ја отслужи во затвор од кој овојпат нема да може да побегне.

За тоа време, неговата сопруга Ема Коронел, ја обиколува Европа и ужива во летното сонце.

Гламурозната Ема во саботата на својот Инстаграм објавила фотографија од гондола на Големиот канал во Венеција блиску до местото Риалто.

Таа на ова патување тргнала по две недели откако Федералниот суд во Бруклин го осудил неговиот сопруг на доживотен затвор.

Два дена по пресудата, Гузман бил префрлен во затворот во Колорадо за кој поранешниот управник вели дека е “полош од смрртта“.

Од овој затвор, според неговите зборови никој не побегнал 25 години (колку што постои).

На сопругата на Ел Чапо, Еми Коронел, не ѝ е дозволено да го посетува својот сопруг во затворот, додека пак нивните седумгодишни близначки тоа можат да го прават, пренесуваат од британското списание „Дејли Мејл“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk