Шест дестинации на кои можете да сретнете вонземјани, една се наоѓа на Балканот

Точка

26/07/2019

10:29

10.461

Големина на фонт

а а а

Некои луѓе се опседнуваат со бројни необјасниви феномени, меѓу кои посебно место заземаат вонземјаните и нивните “посети” на Земјата.

Местата на кои тие наводно се видени се во голем број, а некои од нив станале толку познати што денес претставуваат општи места кога станува збор за “малите зелени суштества”. 

Дел од местата се претворени и во туристички атракции, а ова се најпознатите од нив:

Росвел, Ново Мексико, САД

Овој град се смета за НЛО престолнина на светот. Во него, наводно, уште во 1947 година се урнала летечка чинија.

Оние кои искрено веруваат во тоа, со децении наназад го опседнуваат овој американски град. Туристите од целиот свет го посетуваат Росвел за да ја истражат врската којa ја има градот со вонземјаните.

Бермудски триаголник

Оваа голема област во Атланскиот океан, исто така со децении ја буди фантазијата на љубопитните луѓе, а исчезнувањето на авионите и бродовите на тоа подрачје никој не е во состојба да го објасни.


Оние кои веруваат дека “вистината е таму негде”, за тој феномен ги обвинуваат НЛО, вонземјаните и небеските временски портали кои одвреме-навреме токму тука се отвораат.

Стоунхенџ, Велика Британија

Познатата неолитска камена градба се состои од камења кои се тешки и до 30 тона, наредени во круг. Тоа е древен храм, конструиран така што распоредот на неговите карпи го следи движењето на Сонцето.

А можеби оваа необична градба настанала со примена на напредна технологија од вонземско потекло...


Автопат на вонземјаните, Невада, САД

Големата сообраќајница го добила своето име по бројните пријавени случаи на средби со вонземјани.

Автопатот проаѓа непосредно покрај мистериозната “Област 51” за која се врзуваат бројни, како вонземски така и други паранормални приказни.

Наскански линии, Перу

Огромните цртежи во природата претставуваат мистерија повеќе од еден век. Гигантските “гравирани” облици најдобро можат да се видат од птичја перспектива.

Токму затоа многумина сметаат дека уникатните цртежи се дело на уметник од некој друг свет.


Шума Хоја, Романија

Оваа шума која се наоѓа во регионот, барем по приказните, претставува едно од местата на кое се забележани најмногу паранормални појави на светот.

Бројните фотографии од необјаснивите небесни светла и разните мистериозни сферични облици, според многумина, се дело токму на вонземјани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг