Состанок на големите сили со Иран на 28-ми јули во Виена

Макфакс

23/07/2019

14:57

857

Големина на фонт

а а а

Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина ќе се состанат со Иран во Виена на 28 јули за да разговараат за начините за спас на договорот од 2015 година, објави денеска генералниот секретар на ЕУ за надворешни работи, Хелга Шмид.

„Средбата беше закажана по барање на Франција, Германија, Велика Британија и Иран, а ќе се постават прашања во врска со спроведувањето на договорот во сите негови аспекти”, објави новинската агенција „Ројтерс“.

Иран постигна договор во 2015 година со светските сили за ограничување на збогатувањето на ураниумот во замена за ублажување на санкциите.

Во мај минатата година од договорот се повлече американскиот претседател Доналд Трамп, кој потоа наметна остри санкции за Техеран.

На почетокот на јули оваа година Иран ги пречекори ограничувањата за збогатување на ураниумот за 3,67 отсто, што беше потврдено од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).



Спонзорирани линкови

Маркетинг