Бунтовната Карди Би одбрала интересно место за тетоважа

Точка

23/07/2019

14:43

3.820

Големина на фонт

а а а

Сопругот на Карди Би објавил нејзина фотографија на која позира покажувајќи ја новата тетоважа со неговото име. Фотографијата собрала повеќе од милион лајкови, а Офсет е воодушевен.

Раперката Карди Би направила тетоважа со името на својот сопруг Офсет, со што тој се пофалил на својот профил на Инстаграм. Објавил фотографија од заедничкиот видеочет на која Карди ја кренала ногата пред камерата за да му ја покаже тетоважата на задниот дел од ногата. 

"Одвај чекам да дојдам дома", напишал Офсет и додал емотикон со изваден јазик.

Фотографијата собрала повеќе од милион лајкови и предизвикала многу коментари.

"Подобро е да не ја изневеруваш, туку да ја цениш", напишал еден од фановите под фотографијата.

Контроверзната раперка е позната по впечатливиот аутфит каде и да се појави. Исто така и своите објави на социјалните мрежи предизвикува големо внимание, а јавноста најмногу се шокирала кога неодамна без грам шминка излегла од својот дом во Њујорк.

Карди Би била во тренерка и со голема карирана марама на главата. Тоа било еден ден откако нејзината ќерка го прославила првиот роденден. Таква Карди Би заминала за Швајцарија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг