Сега е официјално: Борис Џонсон е нов британски премиер! Прв му честитал Доналд Трамп

Точка

23/07/2019

14:09

2.206

Големина на фонт

а а а

Сегашниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон е избран за нов лидер на Конзервативната партија, а воедно ќе ја наследи и Тереза Меј.

Конзервативците вчера се изјаснувале меѓу Џонсон и Џереми Хант. 

Меѓу првите кои му честитале на Џонсон е Доналд Трамп, претседателот на САД, кој ги повторил претходните тврдења дека новиот премиер ќе биде одличен.

Неколку членови на Владата на Тереза Меј изјавиле дека ќе поднесат оставка, пред Џонсон да ги отпушти, поради противење на неговата намера Британија да излезе од ЕУ без договор.

Министерката за образование денес поднела оставка наведувајќи во писмото до Тереза Меј дека е длабоко загрижено од напуштањето на ЕУ без договор, пренесува "Sky News".

Претходно денес оставка поднел и министерот за Европа и Америка и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Велика Британија, Ален Данкан.

Данкан, кој се смета за приврзаник на ЕУ, го обвинил Џонсон дека не го поддржал британскиот амбасадор во Вашингтон откако протекла информацијата за неговите оцени за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува "Reuters".

Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд и неговиот колега, министерот за правда Дејвид Гок изјавиле вчера дека ќе поднесат оставка ако Џонсон го преземе кабинетот.

"Јас сум сигурен дека нема да бидам отпуштен, затоа што ќе поднесам оставка пред да дојде до тоа. Под претпоставка дека Борис Џонсон ќе стане премиер, сфаќам дека неговите услови за служење во неговата влада опфаќаат и прифаќање на излегување од ЕУ без договор на 31-ви октомври. Тоа не е нешто што јас можам да го потпишам", рекол Хамонд за "BBC".

Гак порачал дека нема да може да продолжи да работи во владата под Џонсон ако тој бара Брегзит без договор, оценувајќи дека таквиот потег ќе го одведе Лондон кон национално понижување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг