Чавушоглу: Сакаме да ги подобриме односите со Грција

Макфакс

23/07/2019

13:14

773

Големина на фонт

а а а

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара сака да ги подобри односите со Грција и да усвои пакет-аранжман на односите, кои ќе ги вклучуваат и односите меѓу двете земји во Егејското Море и на источниот Медитеран, според грчкиот весник „Катимерини“.

Чавушоглу изјави дека во источниот Медитеран не се потребни понатамошни истражувања или дупчења кои Турција ги спроведува веќе некое време, но додаде дека Турција нема да дозволи никој да ги оспорува нејзините суверени права во таа област.

Новиот грчки министер за надворешни работи, Никос Дендиас, во грчкиот парламент рече дека Грција нема да ги толерира заканите од војна со провокативни дејства и еднострани барања, но во исто време ќе промовира политика на добрососедски односи и почитување на меѓународното право и договори.

Што се однесува до Кипар, Дендиас истакна дека условот за продолжување на разговорите за повторно обединување на островот е Турција да го запре нелегалното дупчење и истражување на брегот на островот, како и да ги отстрани своите бродови од ексклузивната економска зона околу Кипар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг