Елмас пристигна во Неапол, на ред се медицинските прегледи пред официјалната промоција

Дерби

23/07/2019

11:47

1.704

Големина на фонт

а а а

По неколкумесечна сага и поврзувања со различни клубови од Шпанија, Англија и Италија, Елиф Елмас ова претпладне и дефинтиивно слета во Неапол, каде во текот на денешниот ден се очекува и официјално да биде претставен како големо засилување за Наполи.

Клубот од „Сан Паоло“ се покажа како најамбициозен и најистраен во преговорите со Фенербахче, па така македонскиот фудбалски бисер денеска се наоѓа пред промоција во новиот клуб кој веќе ги договори сите детали со турскиот клуб. Фенер веќе го испрати својот фудбалски талент и му посака среќа во новата авантура, а сега пристигнаа и првите фотографии од пристигнувањето на Елиф во Неапол.

Елмас беше пречекан во Неапол од преставници на клубот, по што ќе следат стандардните медицински прегледи пред официјалното позирање со новиот дрес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг